Села: Како што се чувствувате вие кога ве нарекуваат ФИРОМ, така и Албанците за ,„20 проценти“

Лидерот на Алијансата за Албанците во својот говор на дебатата за уставните измени зборуваше за барањата на Албанците.

Зијадин Села од пратениците побара да го поддржат барањето за албанскиот јазик да не се споменува како јазик кој го говорат 20 процвенти од населението, туку како албански јазик.

Села од собраниската говорница порача дека „Како што се чуватвувате вие кога ве нарекуваат ФИРОМ, така и Албанците се чувствуваат кога ги нарекуваат „20 проценти“.

Со промената на Уставот јазикот на Албанците ќе се нарекува „јазик кој го говорат 20 проценти од населението“, а не албански јазик.

 

SHARE

3 Коментари

Оставете Коментар