Селим Ибраими: Гласот на Албанците ќе ја реши иднината на Македонија

Селим Ибраими од Институт за безбедносни студии и развој од Тетово, смета дека Албанците во Македонија ќе имаат клучна улога при ратификацијата на евентуалниот договор со Грција и на најавениот референдум за името.

„Најкруцијалната и многу важна фаза е ратификацијата на Договорот во Парламентот на Македонија и референдумот. Гласот на етничките Албанци ќе ја реши иднината на Македонија и, се разбира, дали договорот меѓу двете земји ќе преживее“, напиша на „Твитер“ новинарот, експерт за меѓународни односи и за политичка историја, како и автор на книгите „Студениот мир“ од 2016 година и „Територијата на тивката војна“ од 2018 година.

 

Comments are closed.