Пропагандната машинерија, со промената на власта почнува да работи за интересите на новата власт. Мејнстрим медиумите сега веќе се многу пријателски настроени кон новата власт, а тие беа ударната тупаница на режимот на Груевски, вели Насер Селмани, претседател на ЗНМ, во денешното интервју за Радио лободна Европа.

„Мислам дека она што се промени е перцепцијата на луѓето дека дојде слободата, а во суштина мислам дека не се променија работите. За жал, јас како новинар и како раководител на ова здружение, не гледам сериозни намери од актуелната власт да направи сериозни реформи во медиумите кои ќе произведат поголема слобода и одговорност кај новинарите и кај медиумите во нивната работа“, вели претседателот на ЗНМ.

Интервјуто на Селмани за Радио Слободна Европа тука.

SHARE

Comments are closed.