Селмани: Време е за Албанец претседател на државата

Поранешниот министер за здравство и претседателски кандидат на изборите во 2009 година,  Имер Селмани, смета дека е време претседател на Македонија да биде Албанец.

„Албанците ги гласаа речиси сите претседатели по ред. За жал и Иванов го изгласаа Албанците пред 5 години и пред 10 години, не во голем број, туку во доволен број за да стане претседател.

Да не зборуваме за Борис Трајковски, Црвенковски и Киро Глигоров, кои исто беа изгласани од Албанците.

Време да се размислува за консензуален кандидат Албанец, кој ќе биде изгласан од македонска страна и сите други етнички заедници кои живеат во Македонија“, вели Селмани, пренесува Алсат М.

Имер Селмани беше министер за зздравство во првата влада на Никола Груевски (2006-2008) како кадар на ДПА. Во 2008 ја напушта ДПА и ја формира партијата Нова демократија која го кандидира за претседателските избори наредната 2009 година.

SHARE

2 Коментари

  1. Vreme e na albancite da im se namalat prava, bidejki ke predizvikaat vojna so Srbija vo koja ke bidat vklućeni i Makedoncite i Crnogorcite, so namera da isčistat Kosovo od Srbite, i potoa na smetkata na Makedonija i Crna Gora (sojuznici) da napravat Golema Albanija. So Albanec pretsedatel Makedonija ke vleze vo Vojna, a potoa i vo graganska vojna so šiptarite!
    ŠIPTARITE NADVOR OD MAKEDONIJA!

Оставете Коментар