Сенат на САД: Русија отвара нов фронт на Балканот

Русија се обидува да пенетрира на Балканот но САД и администрацијата на Трамп се спротивставуваат на тоа, изјавил државниот секретар на САД Мајкл Помпео во претставничкиот дом во Вашингтон.

“Заканата дека Русите продолжуваат агресивно да го засилуваат нивното влијани”, изјавил Помпео на сослушување во комисијата за надворешна политика на Сенатот на САД каде еден од сенаторите изјавил: Русија отвара нов фронт на Балканот работејќи на сценариото на хибридна војна од Украина употребувајќи поткуп на медиуми и владини претставници и обидувајќи се да добијата бизниси со нафта и гас.

Сигурен сум дека Русите ќе видат дека не го правиме тоа што вие го велите – дека обраќаме помалку внимание на Балканот, му одговорил Помпео на сенаторот, пренесуваат бугарски медиуми.

Предходно во Конгресот на САД Помпео изјави дека Русија работи на дестабилизација на ситуацијата во регионот.

SHARE