Американскиот републикански сенатор Рон Џонсон смета дека примерот со договорот меѓу Македонија и Грција може да им користи и на Србија и Косово.

„Ова е момент за воспоставување стабилност, поголем мир и просперитет. Поминав два дена во Грција, едно претпладне во Македонија, една вечер во Косово и сега сум во Србија. Грција и Македонија имаат реална шанса да го решат спорот врзан за промената на името на државата, кој трае 27 години. Сметам дека двете земји имаат многу храбри премиери, кои согледуваат што е во интерес на народот. Мислам дека тој пример може да им користи на Србија и на Косово, кои, според мене, водат многу сериозни преговори за да го решат меѓусебниот повеќегодишен судир“, изјави за српски „Курир“ претседавачот на Одборот за внатрешна безбедност на Сенатот на САД.

 

Оставете Коментар