Сенатор од САД: Македонија не е Англија, секого ли сакаме во НАТО?!

Американскиот сенатор Ренд Пол ги проблематизира минатогодишното зачленување на Црна Гора во НАТО и неодамнешната покана за Македонија да стане дел од Северноатлантскиот сојуз.

Републиканецот од Кентаки зборуваше пред Комисијата за надворешни односи на Сенатот, фокусирајќи се на вредностите на Алијансата и посебно на улогата на САД.

„Навистина, Црна Гора не е Франција. Македонија не е Англија и мислам дека прашањето навистина станува… дали Црна Гора, всушност, ја зголемува нашата национална безбедност со нејзиното внесување во НАТО или можеби ги зголемува нашите стратешки ризици“, рече Пол.

Осврнувајќи се на Македонија, која во јули и формално доби покана за да му се придружи на НАТО, Пол го посочи примерот со некои сојузи формирани пред избувнувањето на Првата светска војна.

Вчерашните коментари на сенаторот доаѓаат по неговиот предлог од сослушувањето на панелот за надворешни односи на 21 август, во кое тој предложи разговори со Русија околу опфатот на НАТО.

„Мислам дека ќе има некоја дискусија“, рече Пол во средата. „Секого ли сакаме во НАТО? Нема ли ограничувања за тоа кого ќе го ставиме во НАТО? Дали тоа не ја разводнува вредноста на НАТО? Дали е тоа провокативно?“.

 

SHARE

Comments are closed.