Серафимовска: Ќе може да заштитиме албанска и ромска но не и македонска песна

Етномузикологот Велика Серафимовска вели дека со Преспанскиот договор Македонија нема да може да го заштити своето нематеријално културно наследство затоа што нема да може да ја користи придавката Македонски.

Серафимовска во емисијата Отворено на Алфа ТВ вели дека Македонија без никаков проблем ќе може да ја заштитува на пример албанската, ромската, срспската песна во земјава но нема да може да ги заштити своите македонски песни затоа што тоа договорот го забранува.

Етномузикологот која е единствен експерт на ОН за ова прашање во земјава го дава примерот со „Русалиите“ кои што потекнуваат од Егејска Македонија а кои што веќе нема да можат да се именуваат како македонско нематеријално културно наследство.

Серафимовска се плаши дека ќе дојде време во кое Македонците ќе мораат да ги „мумлаат“ македонските песни и да играат оро без да пеат.

Нејзини колеги од Грција и пренесле дека на референдумот Македонците треба да апстинираат затоа што постои опасност да им се случи тоа што им се случи на Македонците во Егејска Македонија кои сега се соочуваат со забрана за пеење на македонски песни.

1 Коментар

Оставете Коментар