Сергеј Баздникин нов руски амбасадор во Македонија

Сo указ на претседателот Владимир Путин, Сергеј Александрович Баздникин од денеска е нов вонреден и ополномоштен амбасадор на Руска Федерација во Република Македонија.

Со друг декрет, Путин го ослободи од должноста Олег Шчербак, кој амбасадоруваше во Скопје од 28 јануари 2011 година.

Баздникин е роден на 30 септември 1967 година и ја извршуваше функцијата заменик-директор на Департментот за надворешнополитичко планирање во Министерството за надворешни работи. Бил и шеф на Канцеларијата на Руска амбасада во Приштина.