Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија можеби не биле отруени од Русија во нападот со нервен гас во англискиот град Солзбери, тврди неговата внука, која вели дека дека причина за „труењето“ била лошата вечера  .

Викторија Скрипал шокантно укажа на тоа дека таткото и ќерката можеби едноставно јаделе „лоша риба“, а не дека биле нападнати со отровот „новичок“, пишува британски „Daily Express“.

Викторија вчера телефонски разговарала со нејзината братучетка која излегла од кома, јави Еј-Би-Си њуз“.

Јулија ѝ рекла дека „сè е во ред„“.

Руската државна телевизија објави вчера аудио снимка од разговорот во кој Јулија може да се слушне како вели дека таа и нејзиниот татко се опоравуваат.

„Првите знаци кога биле пронајдени биле многу слични на труење со риба“ рекла Викторија како што ренесува „Daily Express“.

Во гостување на руска национална телевизија, Викторија, побарала да ѝ биде објаснето зошто на Русија ѝ беше одбиен пристапот до истрагата.

Велика Британија и нејзините сојузници постојано велат дека е речиси е незамисливо дека Русија не е виновна за нападот со нервен гас кој бил произведен во советсковреме.

Британска лабораторија  за боеви отрови Porton Down објави дека не можат да го утврдат потеклото на нервниот гас.

„Тајм“ денеска јави дека нервниот гас бил произведен во руска база.