Серијата бомби по пошта во САД е терористички акт

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, изјави дека серијата бомби преку пошта испратени до познати личности од Демократската партија, вклучувајќи ги и Бил и Хилари Клинтон, претставуваат „очигледен чин на терор“.

Кратко време откако Де Бласио го осуди обидот за напад, гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, рече дека сомнителниот пакет бил испратен и до неговата канцеларија, додека полицијата испитувала уште еден пакет пронајден во Мериленд.

Претходно, експлозивни направи биле  испратени до поранешниот претседател Барак Обама, и до редакција на CNN.

Сомнителни пакети и евакуација имало и канцелариите на конгресменката Флорида, Деби Васерман Шулц, сенаторот од Калифорнија Камала Харис и до весникот Сан Диего Унион-Трибјун.

Говорејќи за пакетот испратен до Си-Ен-Ен, Де Бласио рече дека инцидентот е обид „да го поткопа нашиот слободен печат и лидерите на нашата земја преку акт на насилство“.

Комесарот за полиција во Њујорк изјави дека пакетот испратен до CNN содржел активен  експлозив и плик со бел прашок.

SHARE

Оставете Коментар