Северна Македонија е причина за протерувањето на руски дипломати од Грција

Двајцата руски дипломати кои се протерани од Грција и двајца на кои Атина им забранила влез се поврзани со организирање на дел од протестите против преспанскиот договор, наведуваат повеќе грчки извори.

Според информациите дипломатите плаќале и организирале активности против потпишување и спроведување на договорот со Скопје.

Весникот Прототема јавува дека протерувањето на двајцата руски дипломати и забраната за влез во земјата за други двајца, се однесува на обидот за добивање и ширење на информации кои се важни за националната безбедност на Грција и за обиди за поткупување на државни функционери.

И „Катимерини“, повикувајќи се на дипломатски извори споменува дека активностите на рускиот фактор биле поврзан со митрополити, градоначалници и слично од северниот дел на Грција, но и со монаси од Света гора кои работеле на пропаст на договорот од Преспа.

Портпаролот на грчката влада Ѕанакопулос ниту ги потврди ниту ги демантира информациите.

Официјално руските дипломати се протерани поради незаконски акти на грчка територија и мешање во внатрешните работи.

Еден од протераните е Виктор Јаковлев висок функционер во руската амбасада во Атина.

1 Коментар

Оставете Коментар