И покрај реконструкцијата на тимот по заминувањето на неколку стандардни првотимци, ракометарите на Вардар во голем стил ја почнаа новата сезона во Лига на шампиони, совладувајќи го европскиот првак Монпелје со 27:24 на негов терен!

Голманот Дејан Милосављев брилјираше на голот на европскиот првак од минатата година, запишувајќи 14 успешни интервенции на гостувањето во Франција, каде што „црвено-црните“ му се реваншираа на Монпелје за поразот во полуфиналето на фајналфорот во Келн.

Во нападот се издвои Вуко Борозан со осум гола, пред Иван Чупиќ со 6/6, а Сташ Скубе погоди пет пати.

Вид Кавтичник беше најефикасен кај домаќинот со пест погодоци, а Венсан Жерар оствари 11 одбрани.

Следната сабота во „Јане Сандански“ доаѓа шведски Кристијанстад.

 

1 Коментар

  1. Bravo za Vardar, gordost MAKEDONSKI. Ti navistina ja krasis Makedonija, a ne kako onaa (ne sakam ni imeto da i go spomnam) sto pee patriotski za Vardar, a se prodade za 30 srebrenici.

Оставете Коментар