Шефот на Европските десничари ја демантира МИА за ВМРО-ДПМНЕ

Македонската Информативна Агенција денеска доживеа тежок удар од првиот човек на европските демохристијани кој како шпекулации ги оквалификува информациите на МИА за исфрлање на партијата што ја предводи Христијан Мицкоски.

“Никој не побарал ВМРО-ДПМНЕ да биде исклучена од демохристијанското европско семејство”, вели претседателот на Европската Народна Партија (ЕПП), Џозеф Дол, кој ја демантира веста дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде исклучена од ЕПП.

Тој преку социјалната мрежа „Твитер“ појаснува кои се правилата за ваквата постапка.

„Во членот 9 од нашиот статут јасно стои дека 7 членки од 5 држави мора да испратат барање до претседателството на партијата за исклучување на партија. Ние секогаш ги почитуваме правилата. Нема добиено такво барање“, пишува Џозеф Дол.

Ваквиот став на првиот човек на најголемата политичка сила во Европскиот парламент е практично демант на она што го објави МИА- Македонската информативна агенција.

Пред неколку дена, овој државен сервис објави текст во кој беше наведено дека челници од ЕПП му се заканиле на Христијан Мицкоски дека ќе ја исклучат ВМРО-ДПМНЕ од демохристијанското семејство, поради тоа што не го прифаќал Договорот од Преспа.

Според МИА, претседателот на ЕПП, Џозеф Дол, телефонски разговарал со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски. За Дол дури велат дека „крајно недипломатски и на строг начин” го предупредил Мицковски за последиците доколку ВМРО-ДПМНЕ не дозволи демократска дебата за усвојувањето на Преспанскиот Договор.

Како доказ дека МИА шпекулирала е обраќањето на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски кој на покана токму на ЕПП се обрати на конференцијата насловена „ЕУ – Западен Балкан како заедно да ја изградиме нашата заедничка иднина?”.

Тој притоа порача дека прифаќањето на промената на Уставот е црвената линија што ниту една друга влада не ја помина, а тоа е една од главните причини зошто луѓето не го прифаќаат договорот од Преспа.

Кој лаже за исфрлање на опозицијата: Владата, МИА, ЕПП или ВМРО-ДПМНЕ?

SHARE