Шекеринска: Македонија на иста маса со велесилите!

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска непосредно пред самитот на НАТО во Брисел со видео – изјава до граѓаните на Република Македонија потенцира дека следните два дена Македонија ќе седне на иста маса со светските велесили, и дека од 2008 година граѓаните видоа што значи да се живее во несигурна држава и во нестабилен регион.

„Утре и задутре, во Брисел, Република Македонија ќе седне на иста маса со светските велесили. Нашата земја официјално ќе ја добие поканата за членство во НАТО. Оваа шанса во 2018 година ја пропуштивме и оттогаш натаму, работите тргнаа во погрешен правец.

Видовме што значи да се живее во несигурна држава и во нестабилен регион“ рече министерката

Во продолжение таа додаде дека поминувавме низ многу кризи, а државата стагнираше на секое поле…без отворени перспективи за членство во НАТО и во Европската Унија, иднината на Македонија е несигурна.

Членството во НАТО е историска шанса која сега мора да ја искористиме. Со тоа Република Македонија ќе стане партнер и сојузник со најмоќните земји во светот, вели Шекеринска.

Членството во НАТО ќе биде стабилност и сигурност за Република Македонија и нејзините граѓани. Но, тоа ќе донесе и шанса за побрз економски развој и просперитет, вели Шекеринска.

„Покажавме дека Македонија може подобро. Горда сум на постигнатото, продолжуваме понатаму“, вели министерката Шекеринска во своето видео-обраќање.

SHARE

Comments are closed.