Министерката за одбрана Радмила Шекеринска вели дека ниту еден денар од парите наменети за АРМ нема не е предвиден во сумата што Министерството ги одвои за референдумската кампања.
МО соопшти дека ќе издвои 60 милиони денари за кампањата за референдумот што треба да се одржи на 30 септември, но министерката вели дека во прашање се пари средства предвидени за активности за поддршка на интеграциите во НАТО.
Шекеринска ги демантираше и обвинувањата дека Министерсвото нема обезбедено превоз за војниците кои патуваат до своите работни места и дека не им се исплаќаат ноќните дежурства, пренесе Алсат М.