Шеќеринска обвини новинари дека поставувале нарачани прашања

Во дебатна емисија на МТВ каде што се соочи со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, вицепремиерката Радмила Шеќеринска обвини дека опозицијата до новинари нарачувала прашања за владата.

Откако Николовски во контекст на случајот со амбасадорот Наумовски ја обвини дека освен во Вашингтон Шеќеринска ги избегнувала и амбасадорите во Анкара и Стокхолм, вицепремиерката го обвини потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека неговата партија нарачувала прашања кај новинари.

Шеќеринска во дебатата не прецизираше за кој новинар се работи.

Завчера новинар на порталот СДК.мк во Владата постави прашање за дипломатски инциденти на Шеќеринска со амбасадорите во Анкара и Стоклхолм.

Вчера и новинар на Алфа на владина прес конференција постави прашање до премиерот во врска со случајот Наумовски поврзан со можна нетрпеливост меѓу МНР и министерката за одбрана.