Шеќеринска похрабра од шефот Заев, оди на дуел со Николовски

За разлика од нејзиниот шеф во владата Заев вицепремиерката и министер за одбрана Шеќеринска не се плаши од својот пандан во ВМРО – ДПМНЕ.

Откако лидерот на СДСМ и претседател на Владата, Зоран Заев, избегна ТВ дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва ќе се соочат ставовите на високи функционери на двете партии. Во емисијата 360° на Телевизија Алсат Телевизија, каде домаќин е Васко Попетрески, на маса ќе седнат потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

Шеќеринска и Николовски и пред неколку месеци имаа интересна дебата на МТВ.

5 Коментари

    • Да, да, да! Oд МКД.мк гледаме дека СМК “„Очекуваме претседателот Иванов во ОН да им каже на сите преку своето обраќање, дека спогодбата е ништовна и неважечка, а во ОН да бидеме исто како и досега.” Ова реално може да се случи во ООН. И треба!
      Но зошто дел од реченицата “како и досега”?? те. под БЈРМ!? Ние не сакаме БЈРМ во ООН!
      Имено, ако веќе се оди на поништувањето на НЕЛЕГАЛНАТА спогодба, треба да се формулира НЕ „како и досега” под БЈРМ, туку претседателот Иванов ТРЕБА да ги повика сите држави-членки (191) и самата Организацијата на ОН на ПРИЗНАВАЊЕТО оваа наша држава под уставното име Република Македонија!
      Тогаш, и само тогаш, ваквата акција насочена кон поништувањето на тн. договорот ќе има некаков смисла, но ќе има меѓународен ефект само доколку детално од Иванов се ОБЈАСНИ целата нелегална природа на проблемот, те. дополнителните услови, деноминацијата, итн…
      Во секој случај, говорот на претседателот Иванов во ООН ќе биде сфатен дома како силен ПОВИК на БОЈКОТ на референдумот, и ќе има битен внатрешен ефект во Македонија.
      Имено, по говорот во ООН за поништување на спогодбата уште околу 100 000 граѓани ќе се определат да не излезат на референдумот!!
      Но, да се надеваме дека тоа ќе биде доволно референдумот да пропадне!
      Лично сум песимист, но да почекаме 30. па да видиме! Според мене, Едвај ќе се извлечеме под цензусот. Да видиме и што ќе рече Уставниот суд на 19. и потоа.
      Од моја страна само еден совет: БОЈКОТ!

Оставете Коментар