Шилегов доби понуда да го работи тоа што му прави мерак

Откако вчера беше фатен како на седница во Собранието игра игри на својот мобилен телефон додека се водеше расправа за аерозагадувањето и смртта и болестите што тоа ги носи Петре Шилегов доби интересна понуда.

“Би сакал господинот Шилегов да го поканав во нашата алијанса – MjBC за играта Empires and Puzzles.

Имаме 29 активни членови, повеќето Македонци и бараме нов посветен играч што може да шљака јако 24/7”, му напишаа на Твитер на скопскиот градоначалник мераклија за игри на телефон.

Шилегов се уште не одговорил на возбудливата понуда да ја претставува земјата на меѓународен план на полето на играње игри на телефон.

SHARE

Оставете Коментар