Шилегов фрла се на една карта, со временска машина против комарците

Откако граѓаните открија дека пак се измамени и дека со видео од 8 Јули град Скопје се пофали дека утрово е прскано против комарци, кулиминираше незадоволството од реакциајта на главниот град во битката со комарците.

По вчерашниот коментар на еден од гласноговорниците на Град Скопје, Ваљон Салиху, дека скопјани се збуниле оти не е прскано против комарци, како и дека истото било нечујно поради „добрите“ авиони кои не бучат, па граѓаните не ги чуле, од управата на градот почувствуваа потреба да објават старо видео, како доказ дека, над главниот град и утрово летале авиони.

-Утрово почна третото продолжено и засилено прскање против комарци во Скопје. заради зголемените врнежи во изминатиот период се создаде поволна клима за брзо размножување на комарците, па Град Скопје одлучи третото прскање наместо два дена да трае 4 дена со што се зголемува интензитетот на заштита, се наведува во соопштението.

Потоа, од град Скопје се извинија за направената грешка, а објавата на денешното прскање ја најавија за утре.

Гневни поради наездата на комарци, скопјани на социјалните мрежи, преку шеги на сметка на градоначалникот Петре Шилегов, го искажуваат својот бес за огромното присуство на инсекти во главниот град.

Последната од низата креативни шеги е дека Петре Шилегов со комарците – вмровци ќе се бори со временска машина.