Шилегов како „врховен командант“ ја повика АРМ во Скопјанка (ВИДЕО)

„Луѓето кои живеат во зградата во Аеродром вчера неколку часови стоеја пред својот влез и беше потребна брза интервенција, при што Армијата на Република Македонија реагираше на мое лично барање и замолница“ изјави Петре Шилегов одговарајќи на прашање зошто биле повикани припадници на АРМ околу комунален проблем, пренесува „Макфакс“.

Поради остар мирис на амонијак,граѓани од првиот влез од зградата на булеварот „Кузман Јосифовски- Питу“, вчера биле „евакуирани“ и чекале пет часа специјалци на АРМ за хемиско и биолошто оружје да интервенираат во станот во кој биле најдени – употребени пелени.

SHARE