Шкендија го честеше Салцбург гол за победа и во Скопје (ВИДЕО)

Катастрофалната грешка на Стенио Жуниор, која ја казни Такуми Минамото во втората од четирите минути судиско надополнување, му донесе победа на Салцбург од 1:0 над Шкендија во реваншот од третото квалификациско коло за Лига на шампиони во Скопје.

Со вкупен резултат од 4:0, австрискиот првак продолжува во плејофот за елитното клупско натпреварување, а освојувачот на двојната круна во Македонија во минатата сезона се сели во квалификациите за Лига Европа.

Противник на тетовци во последната рунда пред групната фаза во второто европско натпреварување по ранг најверојатно ќе им биде норвешки Розенборг, кој пред возвратниот дуел задутре на свој терен има предност од 2:0 над Корк Сити од Ирска.