Loading...

Освојувачот на двојната круна Шкендија и најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар одиграа нерешено 2:2 во Тетово во дербито на стартот од новата сезона во Првата лига.

Скопските „црвено-црни“ поведоа преку Тигран Барсегјан уште по пет минути игра и со тој резултат се замина на полувреме.

Тоа што не му успеа на Бесарт Ибраими од пенал во 14. минута го оствари од слободен удар во 54. минута, а девет минути подоцна домаќинот остана со играч помалку по исклучувањето за Арменд Алими.

Сепак, Шкендија направи пресврт и поведе со голот на Бесмир Бојку во 73 минута, а бод на вардарци им донесе Горан Попов пет минути пред крајот на мечот.

Во другиот денешен дуел Ренова славеше со 4:3 на гостувањето кај Работнички.

Утре играат Академија Пандев со Македонија Ѓорче Петров, Победа со Беласица и Силекс со Шкупи.

 

Оставете Коментар