Шкендија со минимална предност, два гола на Адеми за Динамо (ВИДЕО)

Благодарејќи на голот на Бесарт Ибраими од слободен удар во 24. минута, фудбалерите на Шкендија ќе патуваат со минимална предност од 1:0 на возвратниот натпревар во Молдавија со Шериф Тираспол во квалификациите за Лига на шампиони.

„Предност си е предност. Сега имаме една недела за да се подготвиме за реваншот и таму треба да дадеме гол за да поминеме. Жалам што не ги искористивме шансите во првото полувреме и што не дадовме повеќе голови. Во вториот дел стравот си го направи своето, се повлековме за да не примиме гол. Во наредните денови ќе направиме анализа и ќе видиме каде можеме да се подобриме“, изјаво тренерот на единствениот преостанат македонски претставник во еврокуповите Ќатип Османи.

Репрезентативецот на Македонија, Аријан Адеми, беше двоен стрелец за Динамо Загреб, кој на „Максимир“ го прегази Хапоел Бер Шева со 5:0. Играчот за врска, кој одлежа суспензија од УЕФА поради допинг од октомври 2015 година до март 2017 година, погоди против израелскиот првак во 51. и 62. минута, кога зголеми на 4:0.

Други резултати: Астана – Митјиланд 2:1, Клуж – Малме 0:1, ПАОК – Базел 2:1, Црвена звезда – Судува 3:0 и Легија – Спартак Трнава 0:2.

https://www.facebook.com/fcshkendija/videos/1862395913782956/