Шлаканица од Заев за Борисов!?

Доколку Скопје и Атина навистина се обединат околу името „Република Северна Македонија“  тоа е отворена територијална претензија кон Пиринскиот крај, кој географски е дел од северна Македонија, пишува авторот на написот „Три шлаканици за Борисов“ за бугарскиот News.bg.

Една недела претходно, Заев упорно инсистираше на името „Илинденска Македонија“, сосема свесен дека таквото именување претставува грдо присвојување на чисто бугарското Илинденско востание од 1903 година.

„Поради притисокот од НАТО и ЕУ, досега Борисов даде сè што бараше Заев, но добива шлаканица по шлаканица од скопскиот колега“, се констатира во написот.

За разлика од попустливот Борисов, Алексис Ципрас цврсто се држи на условот: Ако Македонците сакаат членство во НАТО,  нека го променат Уставот и да го укинат член 49 со кој Скопје се обврзува да се грижи за „македонските малцинства“ во соседните држави …

Авторот кнстатира дека дека во рок од 72 часа бугарскиот премиер добил шлаканица и од Кремљ околу наводната изградба на делница на „Турски тек“ низ Бугарија и од  унгарскиот министер за надворешни кој го обвини Борисов дека со неговиот предлог за мигрантските квоти ѝ наштетува на Европа.

Тоа на „нашиот премиери му покажува колку скапо н’е чини свиткана поза пред Брисел и Вашингтон“ пишува авторот на написот.

SHARE