Неодамнешните изјави на македонскиот премиер Зоран Заев дека Илинденското востание е македонско, „ги разбудија духовите и се претворија во историска тема, блокирајќи ги тркалата на инаку непречената дипломатија меѓу двете земји“, оценија гостите во утринската програма на Bulgaria ON.AIR.

„Имам поделени чувства за тоа дали треба да реагираме или не, бидејќи ако треба да реагираме на сè што доаѓа од Македонија, ќе ја преекспонираме темата“, вели новинарот Валери Тодоров во студиото на Bulgaria ON AIR и дода дека прашањето за тоа како Македонија ќе ја признае во пресрет на нејзиното пристапување во ЕУ.

„Досега ние покажуваме толеранција, но Бугарија и Македонија имаат еден идентитет и тој е бугарски“вели  новинарот според кој бугарската држава треба јасно и категорично да ја каже својата позиција и таа треба да биде препознатлива.

Според пратеникот од ВМРО-БНД, Љубомир Милошев,  за Бугарија е важно да го следи патот на Македонија кон ЕУ и НАТО:

„Најодговорна позиција на Бугарската држава е максимално да ја поддржува Македонија да се приклучи кон ЕУ и НАТО“, рече тој.

Милошев објасни дека има комисија занимава со историските теми, во кои сите спорни точки треба да бидат расчистени и треба да се исфрлаат тезите на македонизмот.