На социјалните мрежи, од вчера се споделува видео од брутално апсење на студенти кои протестираа во Франција.

Студентите низ Франција се приклучија на протестите низ целата земја и бараат реформа на образовниот систем.

На снимката која е направена во вторникот во градот Мант ла Жоли на периферијата на Париз, се гледа група студенти клекнати на колена со рацете зад главата опколени со полицајци во полна опрема, пренесува АП.

Францускиот министер за внатрешни работи, Кристоф Кастен, во петокот рече дека 151 лице се уапсени и додаде дека некои од нив носеле оружје.

Тој, исто така, нагласи дека ниту еден ученик не бил повреден.

89.000 полицајци ќе ја бранат Франција од „Жолтите елеци“

 

SHARE

Оставете Коментар