Шпански професор: Преспанскиот договор е предавство на меѓународното право

Преспанскиот договор е, како прво, олицетворение на едно предавство на основните начела на меѓународното право и како второ, сосема празно ветување без никакви гаранции, пишува во авторски текст за „Нова Македонија“ професорот по Уставно право на Универзитетот во Валенсија, Шпанија, Карлос Флорес Хубериас.

„…Следејќи ги советите на претседателот на државата, граѓаните останаа дома, наместо со својот глас да поддржат еден договор, договор, кој, пак, како врв на дрскоста, беше ставен на референдум со едно од најизмамничките прашања во историјата на сите референдуми“, пишува професорот Хубериас.

Барем засега, заклучува професорот, Македонија повторно ја докажа својата намера да не биде само едно привидение.

линк до целиот текст.

SHARE