Што ако Заев ја оствари заканата за предвремени избори?

Доколку премиерот Заев ја оствари заканата дека ќе распише предвремени избори ако ВМРО-ДПМНЕ не гласа за уставните измени Македонија ќе влезе во сериозен цајтнот ако сака да го спроведе договорот со Грција.

Во однос на роковите, уставната одредба предвидува дека предвремени избори за пратеници се одржуваат во рок од 60 дена од распуштањето на Собранието.

Тоа значи дека ако утре Талат Џафери го распушти Собранието изборите би се случиле најдоцна до крајот на Ноември.

Ако претседателот Иванов го скрати рокот за доделување мандат за формирање на новата влада теоретски е можно до крајот на јануари Македонија да добие влада, да го промени уставот, договорот да биде ратификуван и во март да влезе во НАТО.

И сето тоа само под услов СДСМ и ДУИ да добијат двотретинско мнозинство во Собранието а владата на Ципрас да опстане во пресрет на мајските избори за Европарламентот.

Според денешните резултати шансата СДСМ и ДУИ да добијат повеќе пратеници од тие што ги имаат сега во владината коалиција е минимална.

SHARE