Што бараат возила на СЈО во зградата на Владата?

Некогашниот студентски лидер а сега професор Самоил Малчески тврди дека луѓе во возила на Специјалното Јавно Обвинителство наспроти сите правила за немешање на судската со извршната власт биле во зградата на Владата.

,,Возила од СЈО излегуваат од гаражи на Влада!
Зборувајте ми после за независност!

СЈО од искра која требаше да донесе надеж во државава се претвори во инструмент на владеачката врхушка за политичка пресмета”, пишува Малчески.

Ниту СЈО ниту Владата не објави за која цел луѓето и возилата чии регистрации се покриени за да се заштитат лични податоци биле во зградата на Владата.

SHARE

Оставете Коментар