Што би рекол Конески? Заев јазикот го договорил на паркинг

Македонскиот јазик со Грција е договорен на паркинг во Дојран, тврди премиерот Заев.

На јавна трибина Заев денеска пред граѓаните откри дека „на паркингот во Дојран,  со премиерот на Грција Алексис Ципрас, е постигнат договор за признавање на македонскиот јазик“.

Според него договорот паднал за време на билатералните преговори, пред одржувањето на самитот на ЕУ.

Заев е убеден дека граѓаните ќе му покажат на целиот демократски свет, дека преку овој референдум, водат грижа за следните генерации.

“Ако некој има алтернатива Б, Ц, за членството во ЕУ и НАТО, нека ја каже, но нема. Имаа 11 години да постигнат добро решение. Јас знам дека сите сме за ЕУ и НАТО. Ако сме сите, ред е сите да се обединиме, за иднината на нашите деца”, порача Заев во Дојран.

1 Коментар

  1. Ako ste se dogovorile za jazik na parking toa e isto kako dvajca kradci da preprodavaat kokosi na pazar…Vtoro koja idninana mladite mu ja ostavas predavnicka, razedineta, prodadena, korumpirana siromasna/bedna drzava koja z nekolku godini nema poveke da postoi a ti so €30 milioni ke si bides na karipskite ostrva da uzivas vo makedonskite maki…

Оставете Коментар