Што има во апликацијата на Груевски: Вице Заев, таргет за убиство, организирана меѓународна група

Во апликацијата до унгарските власти експремиерот Никола Груевски наведува голем број причини зошто тој треба да добие политички азил во Будимпешта.

Покрај објаснувањето дека СЈО е политички механизам на владеачките структури кои што сакале да го затворат и систематското кршење на законите, во апликацијата се споменува и братот на премиерот Зоран Заев.

Според изјавата на Груевски до делови од која дојде expres.mk од унгарски извори тој бил предмет на уцена од страна на Вице Заев.

Братот на прмиерот на Груевски му пристапил кога обвинетиот побарал одложување на затворската казна од 2 години за случајот Тенк која станала правосилна и извршна.

Тогаш високи владини претставници и братот на премиерот му рекле на Груевски и на негови колеги пратеници дека ако убеди некои пратеници од неговата партија да гласаат за уставните измени ќе бидат исполнети неговите барања.

Во апликацијата на Груевски се споменува и Јавниот обвинител но од изјавата не е јасно дали се работи за Јавниот Обвинител Љубомир Јовевски или пак Специјалната Јавна обвинителка Катица Јанева. Некој од нив двајца, од Груевски, според неговата изјава, барал тој да гласа за промена на уставот со новото име ако сака да се спаси од затвор.

Според изјавата на Груевски пред надлежните унгарски имиграциони власти тој по 10 години како премиер станал цел на многу криминалци кои биле осудени на затворски казни и тие сега чекале шанса да го убијат. Во такви околности тој бил информиран од медиуми дека против него била формирана меѓународна организирана група.

SHARE

1 Коментар

  1. А кога Грујо не се јави во суд во петок, а во сеп. префрли сите пари, што не го привеле и затвориле, што полицијата чекаше петок и сабота, кога и на деца им беше јасно дека планира да избега! Каде беше полицијата?? Ова ли е држава?

Оставете Коментар