Што ќе донесе австриското претседателство со ЕУ?

Австрија, која утре го презема претседавањето со ЕУ, има за цел да постигне напредок во однос на прашањето за проширувањето на Унијата кон Западен Балкан.

Минатиот вторник ЕУ одлучи да започне преговори за пристапување  со Република Македонија, но во јуни 2019 година и под услов земјата да продолжи со реформите. Австрија, која утре го презема претседавањето со ЕУ, би сакала преговорите да започнат за време на нејзиното претседателство, но Франција и Холандија се спротивставија на идејата ова да се случи пред европските избори.

Постигнувањето на опипливи резултати сепак ќе биде тешко, делумно и поради почетокот на кампањата за европските избори кои се закажани за мај следната година, но делумно и поради напорните преговори со Велика Британија за „Брекзит“ предвиден за крајот на март 2010.

Управување со миграцијата во Европа – прашање на кој во ноќта на четврток спроти петокот европските лидери постигнаа кревок договор на средбата во Брисел – ќе биде приоритет број еден на ротирачкото претседателство на Австрија на ЕУ, кое ќе трае шест месеци, пренесува агенцијата Франс прес.

Ова е третото ротирачко претседателство за Австрија, и овој пат ќе биде пот мотото „Европа што заштитува“.

Освен жешката тема за миграција, за време на австриското претседателство ќе треба да биде постигнат и напредок во преговорите за идниот буџет на ЕУ – еден од трнливите проблеми кој таа ги наследува.