Што покажаа референдумските бројки на локално ниво

Владеачката коалиција се уште тврди дека над 600 илјади гласови За е убедлива победа на референдумот.

Во исто време според бројките референдумот покажа дека Заев го губи легитимитетот и откри колку гласови помалку би имала СДСМ на предвремени избори?!

“Еве неколку општини како пример за падот на поддршката за СДСМ, и покрај целата медиумска доминација, реклами, (зло) употреба на институции и принуда врз администрацијата.
Споредбата е гласови ЗА СДСМ на локалните избори 2017та, и гласовите ЗА референдумот пред некој ден”, пишува пратеникот Антонио Милошоски во својата анализа:

1. Виница, локални 2017: 5570 гласа за СДСМ; референдум 2018: 3629. Пад од 31%

2. Кратово локални 2017: 3384 ; референдум 2018: 2188 гласови ЗА. Пад на гласовите за -28%.

3. Пробиштип локални 2017: 5198 за СДСМ; референдум 2018: 3891 гласови. Покуси за -25% гласачи.

4. Велес, локални 15962 гласа за СДСМ; референдум 12430 (и тоа заедно со гласачи на ДУИ, Амди, Самка, Љубчо итн). Пад од -19, 8%

5. Св. Николе локалните 5415 гласа за СДСМ, а за референдумот 4433 гласови. Пад од -18.1%

Преку овие 5 општини може да се заклучи дека падот на СДСМ е започнат. Парламентарните избори ќе го потврдат овој тренд, најавува пратеникот.

1 Коментар

  1. Она што изненадува е што многумина споредуваат референдум со избори, па така се обидуваат да носат заклучоци за тоа кој има поголема доверба во моментот. Делумно може да се носат заклучоци за довербата, затоа што во крајна линија референдумското изјаснување е во врска со понудената политичка опција од некоја политичка номенклатура, но тука завршува споредбата и со помош на мисловна гимнастика се започнува перењето мозок.
    Што се однесува пак до резултатите од референдумот тие се повеќе од јасни. Се разбира за оние кои знаат што значи демократија и кои се одлучиле да се однесуваат според демократските начела.
    Тоа што квислиншките власти се обидуваат 600.000 гласови да ги прогласат за победа и за волја на мнозинството говори за менталната матрица квислинзите но и за паниката во која се наоѓаат.
    Тие по овој резултат на референдумот требаше веднаш да заминат од власта, а сепак не го прават тоа, зошто?
    Многу едноставно власт која е инсталирана со државен удар и насилно, не може да се смени со демократски средства туку со средства кои таквиот диктаторски и криминален светоглед познава и почитува!
    Илузорно е да се очекува резултат со демократски средства, тоа е исто како да очекувате овците со протестирање преку блеење да се одбранат од глутница хиени-волци. Сите знаеме како треба со хиени, а тоа е да изнајмиме ловци кои ќе му стават крај на малтретирањето.
    Антонио Милошоски секако важи за еден од оние кои несомнено има завиден интелектуален капацитет, но како што гледаме тоа не е доволно, тој е маргинализиран, кој и зошто го прави тоа? Како дипломат сигурно има што да покаже, а како државник би имал проблеми заради неговиот германски бекграунд но во секој случај е морална вертикала за повеќето во политиката!

Оставете Коментар