Грчкиот портал „NOOZ“ денеска објавува видео запис со дел од обраќањето на македонскиот премиер Зоран Заев во Собранието – изјава што предизвика лавина реакции во соседна Грција. Заев, меѓу другото, зборува и за Македонци во Грција, кои ќе можат да учат македонски јазик:

“Вие зборувате за Македонците во Грција со толкав жар и добро е тоа.

Да се запрашаме што направивме за нив во овие 27 години. Да бидеме чесни, направивме ли нешто во врска со нив?

Преку пријателство, преку тргнување на овој горчлив проблем што сите овие 27 години лебдеше над нас и беше тег на тонење, има поголеми шанси има шанси да се изучува и македонскиот јазик и таму, конечно. Досега беше забранет, табу тема беше.

Па и грчкиот овде се изучува веќе, имаме шанса да им помогнерме, да ги тргнеме границите“ рече премиерот.

„Катимерини“: Заев го поткопува Преспанскиот договор!

SHARE

2 Коментари

  1. Ne znam zosto koga ima idnina da se deluva vo ON da ne priznaat pod ustavnoto ime ni eden pretsedatel i premier ne podnese baranje ili ovlasti nekoj da ja brka taa rabota.Dali e toa slucajno ili namerno????

Оставете Коментар