Што се случило: Заев се повлекол, Ципрас се налутил

Официјално Скопје одеднаш побарало повторување на преговори за прашања кои што веќе биле затворени за време на средбата Коѕиас – Димитров во Брисел.

Ова е причината поради која Атина денеска објави нон пејпер во кој ја обвини Македонија дека не се придржува на договорот поради што не може да има брз напредок.

Грчки извори велат дека за Ципрас е неприфатливо вакво однесување. Тој сега ја обвинува Македонија за апсолутна одговорност и за замрзнувањето на преговорите.

Грчките извори ја цитираат фразата “Не можеме да одиме назад туку само напред” како мото на преговорите досега.

За Ципрас не е можно да се враќа на теми за кои веќе се договориле двајцата министри а за кои требало финален став да усогласат премиерите на двете земји.

Се додека Скопје се однесува неодговорно и прави сопки преговорите ќе бидат замрзнати, пренесуваат извори блиски на владата во Атина.