„Штрковите“ првпат го прелетаа Работнички во Прва лига сезонава

Loading...

Кошаркарите на МЗТ Скопје во четвртиот обид ја забележаа првата првенствена победа над вечниот ривал Работнички, совладувајќи го со 80:76 во СЦ „Јане Сандански“ во претпоследното коло од основниот дел на Прва лига.

Без оглед на последната рунда в сабота, лидерот Работнички, кој ќе игра со Блокотехна, ќе остане на првото место на табелата, а шампионот МЗТ, кој за противник ќе го има Охрид, ќе заврши втор.

Бугаринот Чавдар Костов од Работнички беше најкорисен играч на средбата со индекс 28, постигнувајќи 28 поени и 7 скока.

Домашниот плејмејкер Џордан Крофорд, пак, со 19 поени беше најефикасен во победничкиот тим.