Силјановска укажа на можна политичка математика во ДИК

„И лаик во математика кога ќе ги пресмета бројките ќе види дека е направена груба грешка при објавувањето на процентот на излезноста до 15 часот од страна на ДИК. Смее ли ДИК да води политичка математика“, прашува професорката Гордана Силјановска Давкова.

Според професорката по уставно право ДИК треба да е професионално тело што треба да води статистичка и професионална операција а не политичка статистика. Дали е ДИК навистина професионално тело или партиска испостава која се грижи само за партиски и политички интереси, прашува екс експертот на Венецијанскатга комисија.

Според кривичниот закон член 165 „Член на избирачки одбор, изборна комисија, одбор на спроведување референдум или друго службено лице во вршењето на службата во врска со изборите или гласањето што при изборите или гласањето, ќе го измени бројот на дадените гласови со додавање или одземање на едно или повеќе гласачки ливчиња или ќе го измени бројот на гласовите при пребројувањето или при објавувањето на резултатите од изборите или гласањето со додавање или одземање на еден или повеќе гласови, ќе се казни со затвор од три месеци до пет години“.

Предходно државната изборна комисија направи груба грешка или се обиде да ја излаже јавноста за процентот на излезност до 15 часот.

ДИК објави дека од 1.806.334 регистрирани гласачи до 15 часот излегле 22,5 проценти или 334,075.

Но ако се пресмета точно 334,075 граѓани од 1,806.334 регистрирани гласачи процентот е 18,46 што значи за 4 % помалку од официјалните броеви на Државната Изборна Комисија.

Зошто ДИК ја направи оваа груба грешка и помисли дека никој нема да забележи, е целосно нејасно.

SHARE