Силна експлозија во грчкиот град Пиреа

Грчката полиција ја испитува експлозијата во центарот на Пиреа, пристанишен град јужно од Атина, која во раните утрински часови предизвика оштетување на зградите и автомобилите.

Не се пријавени повреди, јавува „Greek reporter“.

Очевидци велат дека едно лице оставило пакет пред административната зграда и заминал со голема брзина.

Од експлозијата настрадале затворените прозорци на неколку соседни згради, меѓу кои банка и хотел. Оштетени биле и паркираните автомобили.

SHARE