Силни мерки за безбедност во Солун – го чекаат Ципрас

Полицијата ја зајакна безбедноста во Солун, во пресрет на утрешниот Меѓународен саем на кој ќе присуствува премиерот Алексис Ципрас кој, како се очекува, треба да ги соопшти натамошните мерки на штедење, евентуалното кратење на пензиите, даночните реформи.

За утре е закажан и голем митинг на повеќе пан-хелинистички организации против преспанскиот договор.

Безбедноста е особено зголемена денеса кога пристига Ципрас ,но исто така и за доаѓањето на американскиот секретар за трговија, Вилбур Рос и на американскиот амбасадор во Атина, Џефри Пјат.

Во меѓувреме,  денеска, десетици синдикати организираа серија митинзи кои ќе продолжат и во наредните денови, во знак на протест поради мерките на штедење и владините заложби за повеќе мерки во таа насока.

Оставете Коментар