Синоќа се поставуваше бројчаникот на „Порта Македонија“

Синоќа, до доцна во ноќта се поставуваше бројчаникот на Порта Македонија на кој ќе бидат прикажани износите на вратени пари во буџетот, што беше едно од предизборниите ветувања на Зоран Заев во кампањата во 2016 година.

Вчера, премиерот рече дека бројчаникот кој ќе го плати лично тој од свој џеб, ќе биде наскоро поставен а откако кога ќе бидат вратени сите украдени пари, ќе го покажува времето и температурата.

Денеска бројчаник на „Порта Македонија“!?

 

SHARE