Сириски бунтовници ќе глумат во инсцениран хемиски напад

Русија тврди дека сириски бунтовници почнаа да работат на снимка од наводен хемиски напад извршен од сириската армија која ќе биде претставена на светот , информира АФП.

За време на седумгодишна конфликт во Сирија, Запад во неколку наврати го обвини Дамаск дека користел хемиско оружје против цивилното население. Башар Асад и Москва цврсто ги отфрлаат обвиненијата.

Министерството за одбрана на Русија, повикувајќи се на жители на Идлиб, објави дека оператори од неколку телевизии во Блискиот Исток, како и „регионален огранок на водечки американски канал“, пристигнале во градот Jisr al-Shughour во Идлиб, за да снимаат .

„До крајот на денот“ сите кадри треба да бидат предадени на телевизиските канали кои ќе ги прошират преку социјалните мрежи, нагласува Министерството.

Според „сценариото“ активисти од „Белите шлемови“ ќе „помагаат на жителите на Jisr ash-Shugour“ по наводниот хемиски напад од сириската армија.

Ќе бидат употребени вистински хемикалии, за да можат кадрите да изгледаат автентично и да се обезбедат примероци од загадена почва.

Запад го предупреди Асад дека ќе има сериозни последици за режимот, ако користи хемиско оружје во Идлиб.

SHARE