СИРИЗА на чекор до развод со АНЕЛ?

Договорот околу името на северниот сосед може да се покаже како катализатор и да го забрза прекинот меѓу владините партнери, СИРИЗА и „Независни Грци“ (АНЕЛ) бидејќи нивните позиции остануваат непомирливи, оценува „То Вима“ според кој прашањето за името претставува тест за издржливоста на владината коалиција.

Можно е, како и многу пати во текот на изминатите две децении, договорот меѓу Атина и Скопје за името на соседната земја да предизвика опасност од политички развод, потсетува „То Вима“.

Панос Каменос останува на различни позиции по ова прашање и лидерот на „Независни Грци“ постојано соопштува дека нема да гласа за договор за името кој ќе го содржи терминот “Македонија“.

Весникот посочува дека, наводно, има „министри и пратеници на СИРИЗА кои сметаат дека излез на АНЕЛ владата ќе биде корист за партијата“.

2 Коментари

Оставете Коментар