Сите 13 прашања што мачат проф. Милевски за референдумот

Иако не е политичар или политички/правен експерт професорот од Природно Математичкиот факултет при УКИМ и еден од водечките европски научници во својата област Ивица Милески преку 13 прашања ги расчистува сите дилеми што си ги поставуваат граѓаните за референдумот.

Проф. Милевски во на моменти емотивното обраќање ни кажува врз основа на што ја носи својата одлука за гласање на референдумот.

“Со двете раце ќе гласам на референдумот, само ако некој ми одговори на овие мои дилеми:

1. Дали постои некаква меѓународна гаранција дека ако ние си го исполниме својот дел и Грција ќе се држи до договореното (целосно и во позитивна смисла)?

2. Дали Грција нема на секое ново поглавје во преговорите за ЕУ да ни става по некое ново вето под едни или други изговори за непочитување на договорот (наоѓање на чарки-барки)?

3. Дали нема тие самите или во договор со нашиот друг сосед да не зезаат со нови вета, барања и ултиматуми и кој гарантира дека тоа нема да се случи?

4. Дали ако во Грција не помине или не се почитува договорот како што треба, ние ќе може да се вратиме на стартните позиции како пред договорот – да си го вратиме името и другите работи?

5. Кој е гарант на договорот, има ли надлежен суд кој ќе одлучува дали, кој и како го крши?
6. Дали кога од следната година ќе одиме во Грција ќе почнат да не викаат македонци, или можеби северомакедонци или ќе си останеме Скопјани?

7. Дали нашите блиски по странство ќе може да се викаат македонци или ќе мора да се нарекуваат македонци/граѓани на Северна Македонија (иако реално се граѓани на други држави)?

8. Дали со двата договори (со Грција и Бугарија), ние ќе постоиме само и само по 1945-та или по 1991 година (секако, како Титова измислица нели)?

9. Дали со овој договор ќе се заврши изживувањето на соседите со нас или пак истото ќе продолжи се до последниот македонец?

10. Што ако сепак поради една или друга причина, никогаш не влеземе во ЕУ, или евентуално ЕУ потполно се реформира во меѓувреме и си останеме во 4-тиот Балкански ЕУ круг? Дали пак ќе се вратиме на старото наше?

11. Дали ќе треба стално да внимаваме и да се извинуваме постојано, на секој кој ќе посака или ќе измисли некоја причина или ќе има некој фактор што ќе каже СТОП доста е?

12. Дали фина девојка, после изнудена и платено изгубена невиност, повторно ќе се чувствува онака гордо и достоинствено како и претходно, само затоа што не сакала да побара потешка, но почесна работа?

13. Сите оние кои се жестоко за или против, дали ќе имаат морална и човечка одговорност, ако по 5-10 години Северна Македонија биде навистина во многу подобра позиција, или пак напротив, доколку биде сосема погубно за нас (во поглед на договорот де)? Или ќе молчат и ќе се прават наудрени едните или другите?

И на крај краишта, лично сметам дека референдумот имаше смисла само доколку беше изведен пред финалното и бомбастично потпишување на договорот. Вака, веќе сме меѓу чекан и наковална, воопшто нема смисла референдумот. Толку од мене, Господ нека ни е на помош…”, заклучува врвниот македонски експерт кој соработува со престижни светски научни институции.

Повеќе за Проф.Др. Ивица Милевски

3 Коментари

  1. Прво и основно: тн. Референдум е само и единствено за ПРОМЕНА НА ИМЕТО И НА ИДЕНТИТЕТОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ И МАКЕДОНИЈА!
    Во референдумското прашање Тие од СДСМ ВГРАДИЛЕ еден уценувачи УСЛОВ-мамка за убава ЕУ иднина, но ДОКОЛКУ смениме ИДЕНТИТЕТОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ И МАКЕДОНИЈА!
    УСЛОВОТ Е ВО САМОТО РЕФЕРЕНДУМСКО ПРАШАЊЕ! Инкорпориран!
    Овој услов за НАТО јасно ни го испорача и Јенс Столтенберг во Скопје! Нема „договор”, „НЕМА НАТО”!
    КАКВО Е ОВА РЕФЕРЕНДУМСКО ПРАШАЊЕ СО ИНКОРПОРАН УСЛОВ ВНАТРЕ!! РЕЗИЛ!!!

Оставете Коментар