Сите главни поенти од ТВ дуелот Заев – Мицкоски

Loading...

По цели две децении дуел на двајцата водечки политичари во Македонија премиерот Заев и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Премиерот истакна дека се докажало оти случајот со барањето мито, за кој беше ослободен, бил монтажа, дека тој својата невиност ја докажал со аргументи во судска постапка.

На тоа доби одговор од Мицкоски дека штом ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт, случајот „едно евро за Вицето“ повторно ќе го актуелизира.

Во врска со корупцијата лидерот на СДСМ рече дека повеќе ќе нема недопирливи, ако во времето на ВМРО-ДПМНЕ, и дека некој штом се огреши од закон веднаш ќе замине од власт.

Ги бранеше фирмите на неговото семејство дека чесно плаќаат даноци, 11 години биле под лупа на власта и ништо сомнително не им било најдено. Сепак не даде конкретен одговор на прашањето од Мицкоски за случајот со лицето од Струмица кое во 2014 година купило парцела од хектарипол за 700 илјади евра, парцела на која сега семејството Заеви подигнува згради.

Мицкоски потенцираше дека реалноста во земјата е поразителна, насекаде празни дуќани и пазари, граѓани без пари. На ова премиерот со подготвен одговор:

“Да не ја опљачкавте Македонија поинаку ќе беше. 11 години беше цунами, пљачка, уништување и сега не може одма да се подобри се. Има сега поголема плата, се засилува буџетот, но треба време…”

Лидерот на опозицијата со оштри критики за соперникот во дуелот: Трипати помилуван премиер. Заробено и нереформирано судство, Македонија шампион само во сиромаштија, а на врвот по степенот на корупција. Во спорот со Грција попуштање се до целосна капитулација.

Христијан Мицкоски во првиот дуел на двајца водечки политичари во земјата по цели дваесет години, ги детектираше сите недостатоци во земјава кои се директен резултат на владеењето на СДСМ и нејзиниот лидер Зоран Заев.

Предупреди дека граѓаните се заложници на премиер кој е трипати помилуван кој како Баба Ванѓа предвидува судски пресуди

Трипати е помилуван Заев, еднаш за Глобал, еднаш за Пуч и сега на очиглед на јавноста, не прават слепи и глуви, во отсуство на транспарентност, сега премиерот доби ослободителна пресуда. затоа споделуваме различни вредности. Независноста е најбитна а не транспарентноста. Премиер на држава ги погодува пресудите, кажува кој ќе биде осуден или не. Граѓаните ќе веруваа во судството ако ве осудеа вас господине премиер, вака ги правите слепи и глуви. ВМРО прво ќе обезбеди независност на судството по примерот на развиените земји. И јас ќе одговарам ако се огрешам од законот, а не да ги правам сите слепи и глуви, изјави Христијан Мицкоски.

Лидерот на опозицијата истакна дека ВМРО-ДПМНЕ како конструктивна опозиција секако ќе остане во парламентот каде жестоко ќе се бори за интересите на граѓаните и како што рече, за демонтирање на погрешните политики на Владата на Заев. А додека премиерот ги бранеше реформите во јавната администрација, шансите за сите да се вработат во истата, според реалните потреби а не според нечие тефтерче, Мицкоски со неколку конкретни контрапримери:

Христијан Мицкоски лидер на ВМРО-ДПМНЕ идто така повтори дека на конкурс градоначалничката на Битола го вработи братот, во Берово градоначалникот ја вработи сопругата, директорка на Агенција за вработување си вработи цела фамилија. Синот на Грчев во ЕЛЕМ се по конкурс и заслужено, ќерката на Џафери. И сите други, се беа на конкурс?

Обвини дека на дело е класична гилотина на секој што на било кој начин е поврзан со ВМРО-ДПМНЕ. Сите противници на власта се или бркани од работа или деградирани.

Заев пак, со сосем друго видување. Се исфрлаат оние кое се навикнале ништо да не работат.

” Никој не е исфрлен од работа ако е редовно вработен, туку само на оние на кои им истекле договорите. Тие што се жалат само се жалат дека МОРА да работат наместо да седат во партиски штабови”.

На тоа Мицкоски понуди веќе утре да му донесе списоци на луѓе од СДСМ во Кичево и Битола кои ТРЕБА да се вработат поради политичко минато. А се отпуштаат луѓе кои работеле по 7, 8 или 10 години, со големо искуство и знаење.

Во врска со најгорливото прашање во моментов, спорот за името, Заев го бранеше својот предлог за Република Илинденска Македонија, со кој не само што се сочувал туку и се унапредил македонскиот идентитет, со потврден јазик и кодови.

Рече дека е потребно лидерство и заеднички стратегии. Повтори дека ЕУ и НАТО немаат алтернатива а преговорите се водат како и се останато: отворено, транспарентно и креативно. За првпат од Грција сме добила потврда дека сме Македонци.

Мицкоски не одговоро зошто е против Илинденска Македонија меѓутоа сигурен дека владата процесот го води егзибиционистички, на штета на државата, со урнисување на мачно изградените позиции.

“Ова е егзибиционистички процес, така почна така трае, не оди на арно работата. Во Шпигел рековте не треба да се бара решение во промена на уставот. И претходно имавме стекнато право на име, јазик, кодови. ВМРО не може да поддржи промена на устав со цел промена на уставно име, немаме мандат за тоа. Заев јавно велеше дека нема да преговара за уставното име на национален медиум рече така, и за Шпигел така рече а асега го спасил достоинството, како го спасивте, сте го урнисале целиот процес на преговори кој со години бил создаван. Веќе никој не може да тргне од претходно позиции никогаш, со егзибиционизам го урнисавте она што 25 години е создавано, мислевте имате решение а немавте ништо”, изјави Христијан Мицкоски лидер на ВМРО-ДПМНЕ:.

Тој потенцираше дека граѓаните очекуваат проекти а не капитулација која се продава како победа. Реалноста е поинаква рече, ги загрозивте преговарачките позиции и сега другата страна очекува стално да го загрозувате. Еднаш лажете, двапати лажете, како ќе ви веруваат третиот пат.

Шефот на опозицијата го критикуваше и Договорот со Бугарија кој е асиметричен и допрва ќе има последици за реалниот живот на граѓаните и поентираше дека Меѓународната позиција на државата не се поправа со распродавање на националните интереси.

Дуелот мина во релативно коректна атмосфера со некоку обиди на премиерот и на Мицкоски да испровоцираат теми како бизнисите на семејството Заев и за тоа и чиј асистент на факултет бил лидерот на опозицијата во својата академска кариера.

1 Коментар

  1. “Разликата” или “спорот” за државното име или правниот идентитет НЕ МОЖЕ да постои во меѓународното право, бидејќи ПРАВНИОТ ИДЕНТИТЕТе основен елемент на правната категорија: ПРАВНИОТ СУБЈЕКТИВИТЕТ, без кој нема ДРЖАВНОСТ. БЕЗ ПРАВНИОТ ИДЕНТИТЕТ НЕМА СУВЕРЕНОСТ, нема ДРЖАВНОСТ. ПРАВНИОТ СУБЈЕКТИВИТЕТ Е ЕЛЕМНЕТ НА ДРЖАВНОСТ!
    “Разликата” за државното име е nonsense во рез. на ООН.

    Ова сЕ не го знаат Заев и Мицкоски, а се обидуваат да дебатираат за ИМЕТО!

Comments are closed.