Нацрт на предлог-закон за Специјално јавно обвинителство во кој се предвидени промени во однос на надлежностите за кривичните дела на СЈО објави Министерството за правда, дознава Мета.

Со предложеното решение се предвидува СЈО да може да истражува и гони кривични дела извршени од претседателот на Македонија , поставените амбасадори и други претставници во странство и именувани лица од претседателот, избрани или именувани функционери во и од Собранието, во и од Владата, во судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет, Советот на јавните обвинители  и избраните градоначалници на единици на локалната самоуправа и Град Скопје.

Досега, СЈО беше овластено и надлежено да истражува и гони кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите извршени во периодот меѓу 2008 и 2015 година, пренесува Нова ТВ.

 

SHARE

Оставете Коментар