Специјалното јавно обинителство нема да го гони поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во случајот „Поштенски банки“ во новоотворената истрага, поради застареност на кривичното дело – Злоупотреба на службената положба и овластување.

Во истрагата за „Поштенски Банки“,кривично се гонат девет лица: Коле Смилевски, Томе Главчев, Ратко Димитровски, Викица Поповски, Гкеорги Каратолис, Кирил Јаневски, Зоранчо Митровски, Ристо Милев и Златко Ѓорчев.

„Според СЈО организатори на злосторничката група биле Љубчо Георгиевски, како претседател на Владата на Република Македонија во 2001 година, Марјан Ѓорчев како вицепремиер и Никола Груевски како министер за финансии, кои со цел да го контролираат фактичкото функционирање на „Поштенска банка“, организирале во основањето на Банката, покрај „Македонска пошта“, која била во државна сопственост, да учествуваат и правните лица кои тие ги избрале – „Ноел Експорт импорт“ Гевгелија и печатница „Европа 92“ Кочани“, пренесува „Фокус“.

SHARE

Comments are closed.