Скандал: Димитров, Пендаровски и Рамадани ја премолчеле споредбата на Македонија со Палестина

Ниту еден од македонските претставници на дебатата за НАТО што се одржа денеска во Скопје не реагирал на навредливото споредување на Македонија со Палестина која се уште не е ефективно призната држава, а нејзината територија е поделена на два дела, појасот Газа и Западниот брег.

Македонија со Палестина ја споредил екс бугарски министер кој во минатото даваше поддршка за Македонија и важи за модерен политичар кој ја признава македонската самобитност.

„Сега кога среќата е во вашите раце, треба да ја платите цената. Ова е тој момент. Многу земји од вашето опркужување немале ваков момент, немала ниту Палестина. Сега можете да одлучите бидејќи среќата е во вашите раце“, изјавилденеска во Скопје поранешниот министер за надворешни работи на Бугарија, Соломон Паси.

Паси во чиј мандат Бугарија влезе во НАТО е одличен познавач на состојбите во глобални рамки и не случајно ја споредил Македонија со Палестина, ентитет кој практично никогаш немал меѓународно призната држава.

Зошто министерот Димитров, координаторот за НАТО Пендаровски и шефот на Евроатланскиот совет и советник на премиерот Исмет Рамадани ја премолчеле провокацијата на Паси е нејасно.

Во најмала рака морале да побараат објаснување и да се оградат од споменување на Палестина која е симбол на светските конфликти и желба за државност на една нација.

Дали и тие се согласуваат со пораката упатена меѓу редови од бугарскиот гостин дека Македонија може да биде поделена држава со раздвоени територии како Палестина ако пропадне референдумот, ќе треба да објаснат во првата наредна прилика.

SHARE

Comments are closed.