Скандал во МАНУ, академик обвини академик за плагијат

Академикот Илија Чашуле во писмо до Македонската Академија на науки и уметноата открива скандал односно случај на плагијат на научно дело.

Во обраќањето до МАНУ академикот Чашуле зборува за дело на академик Марјан Марковиќ кое според него содржи плагијати.

Чапуле вели дека на оваа тема зборувал во ндговото неодамнешно предавање во МАНУ и смета дека утврдените плагијати се голем срам на македонската наука за јазикот.

Марковиќ е универзитетски професор, лингвист и дописен член на МАНУ. Роден е во 1967 година во Скопје.

Интегралниот текст на Академик Чашуле до МАНУ:

Почитувана MАНУ

При мојот неодамнешен престој во Скопје, на посреден начин бев замолен од членови на ИЦАЛ, да го дадам своето мислење за трудот Mакедонскиот говор од охридско/струшкиот регион (во балкански контекст), од Марјан Марковиќ, oбјавен во 2007 година од Македонската академија на науките и уметностите, посебно во врска со тоа дали во него има делови што се неоригинални, т.е. преземени/препишани од други автори.

Во трудот на Марковиќ, за жал, има речиси 20 страници текст кој е директно, од збор до збор, преземен од книгата на Академик Божидар Видоески Дијалектите на македонскиот јазик, Том 1., издадена од МАНУ во 1998 годинa.

Марковиќ никаде не укажува директно, ниту со назнака, ниту со наводници, ниту описно дека текстот не е негов, туку дека е целосно преземен од акад. Видоески. Единствено на стр. 13, Марковиќ (ММ 2007) општо и неодредено вели: “…ќе успеам да придонесам эа поцелосно објаснување на некои јаэични појави кои се застапени не само во овој говор, туку и во македонскиот охридско-струшки говор имајќи го како главен извор трудот на Божидар Видоески (Видоески 1984) (подвл. мое), а се надевам дека овој труд ќе придонесе и за дообјаснување на некои појави и во рамките на Балканската јазична заедница.”

Во науката е јасно дека “главен иэвор” во најдобар случај може да се однесува на парафраза (при што пак редовно се цитира иэворот) на повикување на изворен материјал, а никако не на буквален препис, кој притоа мора да биде ограден со наводници.

На пример, на стр. 14, ММ го почнува описот на охридскиот говор. Првиот пасос е од Видоески (1998:247, нат. БВ), при што ММ си дозволил да направи и стилска корекција – кај БВ стои: “Во групата на западните говори…” а ММ почнува со “Од перспектива на западните говори…” а понатаму текстот е идентичен, односно препишан кај ММ. ММ располага со текстот дотаму што при препишувањето си дозволува одредени исправки и доправки, што е уште една сосема неприфатлива постапка.

Во вториот пасус, ММ прескокнува од стр. 247 на стр. 245 кај БВ, при што дури и истата печатна грешка кај БВ е пренесена кај ММ.

ММ вади и препишува цели пасуси од кај БВ, без никаква назнака, при што си дозволува да прави своја композиција на текстот, не според редоследот кај БВ.

На стр. 33 кај ММ продолжува истата постапка на препишување, сосема без никакво посочување. ММ (стр. 33-35) се враќа на БВ (стр. 245-246) при што препишува повторно сѐ од збор до збор. Потоа ММ (стр. 35) препишува целосно за прозодискиот систем (БВ 255) и продолжува со 6 цели страници присвоен текст од кај БВ (ММ 36-42 : БВ 248-253). ММ си дал слобода технички да го уреди несвојот текст, внесувајќи точки и потточки, што ги нема кај БВ. Има и стилски доправки: кај БВ (250) стои “Поучен материјал…” а кај ММ (40) “Интересен материјал…” и сл.

Поминувајќи на фонетските особености на струшкиот говор ММ препишува уште 3 страници : 42-44, кај БВ 263-264.

Како што се гледа, досега целиот фонолошки опис на охридските говори не содржи ниту еден збор од ММ.

Нештата не стојат подобро ни кај морфолошкиот опис на охридските говори. Текстот кај ММ од стр. 78-81 е присвоен целосно од БВ 252-253, и понатаму целиот текст од стр. 82-84 е препишан од кај Видоески 267-268.

Сево ова укажува дека ММ само го препишал она што го опишал, согледал и аналиэирал БВ пред 23 години за охридските говори без да го поднови и без да даде никаков свој придонес. Кога ќe се земе дека материјалот на Видоески е собиран во декадата и повеќe пред да се објави неговиот текст, произлегува дека Марковиќ ни презентира како актуелен материјал стар повеќe од 40 години, при што некои првични укажувања стануваат сосема неупатни. На пр. на стр. 40, ММ препишува од кај Видоески: “Во речта на средното и младото поколение…” (БВ 250) – тие што во седумдесеттите години биле младо и средно покление, во 2007-8 веќe одат кон длабока старост. Впрочем зачудува фактот што ММ сосема нема ништо да додаде кон постојниот материјал, во описите на фонолошкиот и морфолошкиот систем на охридските говори, ниту еден единствен нов пример.

Покрај тоа што видовме дека кај ММ има 20 страници плагијат, ваквиот материјал фрла непријатна сенка и врз современите споредби со ароманскиот говор. Авторот никаде не укажува како го собрал македонскиот материјал, од кои информатори, директно или неформално и сл.

Се чини дека и со описот на делови од ароманскиот материјал се појавува истиот проблем – авторот вели дека го презел во основа монографскиот опис на крушевскиот аромански од Збигњев Голомб (Голомб 1984) “како репрезент на т.н. општ аромански систем” (MM исто и “Основна платформа на однесување претставува Голомбовата монографија на крушевскиот аромански говор” )ММ 170). Повторно се поставува прашањето за тоа колкав е придонесот на Марковиќ во описот и елаборацијата на ароманскиот фонолошки и граматички систем.

Марковиќ (MM 170), укажува дека “За оваа цел е консултирана е обемна литература посветена на ароманските дијалекти, македонскиот дијалектен систем, посебно западните периферни говори, литература од поширока балканистичка проблематика, а сето тоа е поткрепено со скоро десетгодишна теренска работа врз овие микросистеми.” Тешко се согледува во текстот десетгодишната теренска работа врз македонските говори, сo оглед на тоа дека само се препишува анализа и опис од пред 25 години – сето ова актуелизира клучни методолошки прашања.

Не сакам да се задржувам овде на овие и други методолошки прашања,
ќe се эафатам со нив при евентуалното пишување рецензија за трудот. Меѓутоа, не можам а да не укажам на пропусти во библиографијата (која патем е скудна и од која изостанале клучни трудови), како на пр. тоа што зa ниту една цитирана статија не се наведени страниците, што е недопуштено; недостасуваат статии кои се цитирани во текстот (како на пр. трудот на Атанасов эа мегленороманскиот говор), непотполни податоци и сл. Ако веќe можеме да бараме оправдание што не се поместени некои многу стари или недостапни трудови, не е јасно зошто изостанале трудови директно релевантни эа граматичката споредба како на пр. Настев, Божидар. 1982 [1974]. “За употребата на глаголската именка во македонскиот и ароманскиот јазик”. Прва научна дискусија на Семинарот зa македонски јазик. Скопје. 54-59. и редица други.

Дека ваквиот, во основа површен начин на размислување и приграбување на делови од творештвото на Б. Видоески е дел од општото однесување на Марковиќ гледаме од две наставни помагала што ММ ги подготвил за Филолошкиот факултет. Во 2001 г. Филолошкиот факултет Блаже Конески го објавил томот под наслов Дијалектологија на македонскиот јазик I на чии корици со големи букви стои само: приредил Марјан Марковиќ. Читателот веднаш ќе помисли дека ако тоа веќе не е авторски труд на ММ дека тој е главниот протагонист на делото. На првата страница во книгата е додадено името на проф. Видоески со двојно помали букви и повторно со удобната за ММ формула: “Според Божидар Видоески”. Се работи всушност за иэдание исцело составено од текстови на Б. Видоески со предговор од една страничка од ММ. Секаде во светот во вакви случаи би стоело со големи букви и на корицата името на авторот Божидар Видоески, од чиишто дела избор направил М. Марковиќ (последнава информација како сосема споредна).

Во 2007, ММ повторно приредува книга исцело составена од текстови на Видоески, во издание на ФФ: Дијалектологија на македонскиот јазик II, каде што овојпат Марковиќ допуштил на корицата да се најде името на акад. Божидар Видоески, иако на првата страница повторно хиерархијата се воспоставува: името на ММ со огромни букви, а името на БВ со двојно помал шрифт.
Се чини дека ММ многу слободно ја сфаќа употребата на предлогот “според” – во овие книги нема ништо “според” Видоески, туку “од, преземено, собрано од”, впрочем како и во 20-те препишани страници во книгата на ММ.

* * *

Во светската наука се применуваат разни постапки кога ќe се утврди преземање без укажување или посочување на оригиналниот текст, но тоа се смета за многу сериозен престап. Не е мое да давам совет како треба да се постапи во овој непријатен случај, но сметам дека книгата треба веднаш да се повлече од дистрибуција и да се преработи.

Тука се поставува и прашањето на одговорноста на рецензентите на книгата, кои невнимателно ја прочитале. Со новиве сознанија тие треба да влијаат на авторот Марјан Марковиќ да го преработи трудот. Во извесна смисла, ММ ја нарушил меѓудругото и довербата што треба да постои меѓу рецензент/ментор и автор-кандидат и во крајна линија и со издавачот и спонзорот.

Мојот совет, ако е воопшто потребен, до М. Марковиќ е дека патот во науката не е брз и лесен или површен, а по него најмалку се врви присвојувајќи туѓ труд. Надвор од тоа, од наведенава книга се гледа дека ММ има уште многу да совлада од основната методологија на научната работа.

Ви благодарам за вниманието и се надевам дека Марјан Марковиќ ќe ги извлече соодветните поуки од овој случај.

Со срдечни и колегијални поздрави,

Проф. Илија Чашуле
Катедра зa лингвистика
Универзитет Маквори
Сиднеј, Австралија

SHARE

Comments are closed.