Скопјани се возат со автобуси стари половина век, новите се чуваат во гаража (ФОТО)

Скопјани кои денеска се возеле со градски превоз не се ни свесни дека биле дел од историјата. Платиле карта за музејски експонат на автобус кој во нормални земји го чуваат во музеј затоа што тие загадуваат по десетина пати повеќе од новите еколошки автобуси.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски бил меѓу среќниците кои денеска се возеле во сообраќајна антика.

Освен ако Стоилковски не постирал стара фотографија или ако ова не е герила политички маркетинг на опозицијата, Стоилковски всушност открива дека градот Скопје ги крие новите украински и кинески автобуси а во сообраќај ги пушта старите автубуси стари со децении.

Дел од шпекулациите на социјалните мрежи предходно зборуваа за планот на град Скопје да предизвикаат револт кај граѓаните од старите автобуси со цел да се организира нов скап тендер за набавка на најнови автобуси.

Предходно телевизијата Телма објави дека огромен дел од новите автобуси набавени од градоначалникот Коце Трајановски со поддршка на владата на ВМРО-ДПМНЕ не се во возна состојба затоа што новите власти не можат да купат нови гуми за нив, што беше демантирано од град Скопје.

Се трујат ли скопјани затоа што нема гуми за новите автобуси на ЈСП?

Засега град Скопје не демантира дека низ главниот град патници возат автобуси стари речиси половина век.

SHARE

Оставете Коментар